Руската делегација на самитот на Г-20 во Индонезија ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави Александар Тумајкин, претставник за печат во руската амбасада во Џакарта, пренесеува Њујорк Тајмс.

– Се разгледува форматот на учество на Владимир Путин. Можеби тој ќе учествува на состанокот во формат на видео конференција, додаде тој.

Како домаќин на Г-20, Индонезија се спротивстави на притисокот од западните земји и Украина да ја повлече својата покана до Путин од самитот и да ја исклучи Русија од групата поради војната во Украина, велејќи дека нема овластување да го стори тоа без консензус меѓу членките. .

На крајот на минатиот месец Путин најави дека „можеби“ ќе отпатува во Индонезија на претстојниот состанок на Г-20.

Одлуката за формати за учество на Русија на состанокот на Г-20, ќе биде донесена во наредните денови.

На почетокот на ноември, Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден не планира да се сретне со својот руски колега на маргините на самитот.