Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 27 октомври 2018 година во Истанбул ќе биде домаќин на четирилатералниот Самит за Сирија, изјави неговиот портпарол.
На Самитот ќе учествуваат претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, јави Анадолија.
Како што најави Ибрахим Калин, на Самитот се предвидува покрај ситуацијата во Сирија да биде разгледан Договорот за Идлиб вклучувајќи ги сите аспекти на политичкиот процес на сирискиот конфликт и усогласување на вложените напори за изнаоѓање на трајно решение за конфликтот.