Една од омилените тези на власта во Македонија, вклучувајќи го тука и Венко Филипче, е дека теориите на заговор во врска со корона вирсуот, се виновни што ни се случи втор бран.
Но, тие теории на заговор, постојат и во сите околни земји, како Грција, Бугарија, Србија и Албанија. И истите тие земји, се справија со вирсуот. Теориите на заговор постојат и во Словенија и во Хрватска, а сепак, властите и таму се справија со вирсуот.
Па, се чини, тие теории на заговор овде се користат само за да се покрие неспособноста на Владата на Спасовски и на Супермен Филипче. Впрочем, кој е виновен за кластерот наречен СДСМ? Теориите на заговор?
Погледајте го видеото. Прилично е забавно. Тоа е прес конференција на српскиот претседател Александар Вучиќ, некаде на крајот на февруари. На прес конференцијата присуствува и шефот на кризниот штаб за борба против Ковид 19, д-р Предраг Кон, и членот на Кризниот штаб, пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ, човек кој е еден од најпопуларните ТВ гости во Србија и од кого, повеќе на Тв бил веројатно само Вучиќ. Несторовиќ, на оваа прес конференција тврди дека Ковид 19 е „најсмешниот вирус во историјата на човештвото“ кој постои на ФБ и ги советува жените дека можат слободно да одат во Милано на шопинг, под услов да успеат да ги земат платежните картички од сопрузите. Несторовиќ е човек кој смета дека не е се така невистинито и во теориите за Бил Гејтс, за вакцината итн.
Значи, во Србија, член на Кризниот штаб е човек кој не веруваше во тоа дека короната е сериозна опасност (што е главна теза на тие ја прифаќаат теоријата на заговор), и се уште е член на кризниот штаб, а сепак, Србија неколкукратно подобро помина и с есправи со вирусот во споредба со Македонија. Заедно со Несторовиќ, кому, заради зиаквите, сега Лекарсакат комора на Србиај бара да му с еодземе лицената, на што тој одговара дека можат д азборуваат што сакаат, ама сепак, Штабот, заедно со него, и заедно со театралниот Вучиќ, кој на оваа прес конференција зборува за тоа дека ракијата ја убива короната, го победија вирусот.
За теориите на заговор кои и во Србија се присутни како и во Македонија и во сите други држави, веројатно не треба да објаснуваме. Сепак, никому не му паѓа на памет, најмалку на сериозни луѓе какви би требало да бидат Филипче, неговата Комисија за заразни болести и Владата на Спасовски, за случувањата да ги обвинуваат споделувањата на народот по социјалните мрежи.
Очигледно, тоа се случува само во држави како Македонија, каде вината за сопствената неспосбност да се излезе на крај со вирусот, власта ја префрла врз народот!
Инаку, видеото е исечок од емисијата „24 минути“ на Зоран Кесиќ, една од најпопуларните емисии во Србија. Кесиќ, инаку е жесток критичар на Вучиќ и на Несторовиќ