Ниту еден ученик не се заразил во училиште и таму нема интерна трансмисија, изјави министерката за образование Мила Царовска која состојбата ја оценува како стабилна, бидејќи од над 233000 ученици што наставата ја следат во училишните клупи, позитивни се 0,01 % или 14 деца.
Како Царовска утврдила дека трансмисија на вирусот во училиштата нема, засега само таа знае. Никој и не тврдеше дека децата се заразиле со вирусот во училиштата, туку прашањето е на колку други деца заразените го пренеле вируст и колку деца има кои не с еоткриени дека се носители, а биле на училиште.
Како увтдреила и дека од 233 000 деца позитвни се само, исто така не е јасно, бидејќи најголемиот дел од децата кои се позитивни нема да пројават симптоми, но ќе го шират вирусот кај други. Тоа изгледа на Царовска никој досега не и го објаснил.
Како што е познато, симптомите кај делта варијантата се јавуваат порано отколку за претходниот сој, а според тврдењето на Жарко Караџоски од пролетта, просечното време е околу пет дена.
При посетата на ОУ „Ацо Шопов“, министерката Царовска, градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски и директорката на училиштето налетаа на гневни родителите кои бараат целодневна настава да има и за учениците од второ одделение, а не само за првачињата.