На Меѓународниот аеродром во Сан Франциско на 20 август стапува во сила забраната за продажба на пластични шишиња со вода.
Новото правило ќе важи и за рестораните, кафулињата и апаратите на аеродромот.
Патниците ќе можат да купат вода во стаклена или алуминиумска амбалажа.
Со тоа аеродромот ја следи одлуката на локалните власти од 2014 година за забрана на вода во пластична амбалажа на имот кој е во сопственост на градот Сан Франциско.