Пејачот на „Продиџи“, Кит Флинт пред да се самоубие имал долгови од 7,3 милиони фунти поради даноци и разни заеми, објави „Сан”.
Британскиот музичар се самоуби во март годинава и, во тој миг, тој имал 11,6 милиони фунти, сума што сега е намалена на 4,3 милиони фунти по исплаќање на сите давачки. Меѓу нив е, на пр., долгот кон синџирот ресторани „Де Бохун инс лимитед“, што се проценува на околу половина милион фунти. Неколку дена пред смртта, Флит го пушти во продажба својот имот во Данмоу, во англиската област Есекс. Тој имот е проценет на 1,5 милиони фунти.
Кит Флинт беше најден мртов на 4 март годинава, во својата куќа во Данмоу. Причината за самоубиството, според многумина, било депресија поради разводот со сопругата Мајуми Кај (со уметничко име ди-џеј Гедо Супер-мега бич). Вештаците открија кодеин, кокаин и алкохол во крвта на музичарот.