… Македонија е во Европа, како географски, така и историски и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во ЕУ. Ве поддржуваме и ќе продолжиме да Ве поддржуваме, изјави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон.

Посетата на регионот, Педро Санчез Перез-Кастехон ја оцени како симболична поради две основни причини – прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на Путин во Украина.

– Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Ја направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе … Македонија на меттото каде што треба да биде, рече шпанскиот премиер на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин премиерот Димитар Ковачевски.

Педро Санчез Перез-Кастехон порача дека од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, е дека секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ.

– Убеден сум дека … Македонија што поскоро ќе биде дел од ова, рече Санчез.

Ние сме две земји од југот на Европа, нагласи Педро Санчез Перез-Кастехон, и нашите интереси и вредности се заеднички.