Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Канал 5 вели дека Илинден ќе го славиме како децении наназад.

Рече дека кога СПЦ ја призна МПЦ, патријархот Порфириј му ветил за чествувањето во Прохор Пчински

Пендаровски вели дека не се плаши од реакции од Бугарија. Рече дека ни во Бугарија не е дозволено да се кажат „администратори” наместо „окупатори”, не можат да ни ја сменат историјата за тоа. Во врска со обележјата , Пендаровски осдговори дека на спомениците ќе се ставаат нови натписи само ако цела Комисија каже “да”, додека за Втората светска војна нема да имаме отпор од Бугарија.

Што се однесува за францускиот предлог, Пендаровски признава вина зашто на крај ги кажале деталите од францускиот предлог и билатерланиот протокол. Вели дека народот бил изманипулиран за “бугаризација и асимилација”

Пендаровски појаснува дека првата бугарска декларација беше срам, пишуваше дека сме Бугари и македонскиот јазик не постои.

Сум за референдум ако прашањето е “Дали сакате Македонија да е членка на ЕУ”, вели претседателот и додава дека идејата за референдум е манипулација на Мицкоски.

Пред само неколку дена, Пендаровски кажа дека е за референдум со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ под овие услови“, што беше поддржано од Мицкоски. Сега, Пендаровски настапи со драстично поинаков став.