Шпанија нема да се спротивстави на одложување на датумот на влегување во сила на Брегзит, предвиден за 29 март, но под услов да не ја продолжи неизвесноста, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.
– Шпанија нема да се спротивстави на можните одложувања на датумот, но таа одлука треба да има јасна перспектива за решавање на ситуацијата. Продолжувањето на неизвесноста со одложување на датумот не е ниту разумно ниту пожелно, рече Санчез во своето обраќање пред шпанскиот парламент.
Британската премиерка Тереза Меј денеска му предложи на Парламентот текст за продолжување на преговорите со Брисел, кој подразбира и евентуално одложување на датумот на Брегзит.