Санкционирани се 72 лица во текот на вчерашниот ден од 17 до 22 часот при акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на лесни електрични возила низ државата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Од нив, по 11 на територијата на СВР – Тетово и СВР – Битола, осум на територија на СВР – Велес, седум на територија на СВР – Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата, санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови – наведува МВР на својот фејбук профил.
Воедно МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.




