Поради дојава дека зградата на Ермитаж во Санкт Петербург е минирана, музејот времено е затворен за посетителите, објавија руските медиуми.
Во соопштението на музејот, кое е објавено на руската социјална мрежа „V контакти“ се наведува дека неколку вработени добиле електронска пошта со порака дека зградата е минирана.
Обезбедувањето на музејот и полицијата моментно ги претресуваат изложбените сали и службените простории, а луѓето се евакуирани од централната музејска зграда.
Штом заврши проверката, музејот ќе биде повторно отворен.
И Исакиевската црква, исто така, била времено затворена поради лажна дојава за поставена бомба.