Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски станаа родители на своето прво дете.
Имено, утринава Сара на свет ја донесе ќерката, а за тоа веднаш се пофали и на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница.
Ќерката на Сара и Димитар се вика Илина.
„Не се опишува ова“, напиша Сара во описот на фотографијата. А честитки пристигнаа од сите страни.