Струјата во моментов е наш единствен главен енергенс во домаќинствата, но исто така и во економијата. Поскапа струја значи повисоки цени на сите производи. Помалку пари во паричникот и поскап живот, порача пред присутните на протестот, Ердоган Сарач од Движењето за национално единство на Турците.

Од пред зградата на Регулаторната комисија Сарач порача дека таа треба да е независно тело, независна институција која што без разлика на власта треба да носи одлуки со кои ќе го штити пазарот од компаниите од енергетскиот сектор и од манипулации на штета на народот. Тој нагласи дека намерно се доцнело со пресметката на струјата, кој се прави на крајот на јуни, почетокот на јули, за да не се наштети на изборните резултати.

-Ветуваа се и сешто пред избори за сега повторно да се увериме дека безобразно лажат. Ветуваа помали сметки за струја, но сега ни стигнуваат сметки со големо поскапување. Оваа регулаторна комисија на чело со Беслимовски, поставен од мафијата на власт, го прескокна периодот на пресметка на струјата намерно за да не се наштети на изборните резултати, а со тоа согласно на неговиот ментор, патолошкиот лажго З.З ја излажа јавноста и граѓаните на Македонија, посочи Сарач.

Тој порача дека поскапувањето на струјата после изборите е типична превара на СДСМ и за ова мора да се одговара.

-Инсистирам заедно да побараме оставка од целата Регулаторна комисија и одговорност за не благонавремената одлука која ќе ги осиромаши граѓаните, рече Сарач.