Сарај има значителен раст на излезноста на овие локални избори, споредбено со локалните избори 2021 година. Според податоците на ДИК во Сарај има раст од +26% и Чаир +10.8%, каде исто така интересот за гласање е драстично поголем од 2021.
Кисела Вода и Гази Баба бележат мал пад на излезноста, околу 1,5–2%.
Во Центар, Бутел и Ѓорче Петров се забележува умерен пораст, од 2 до 5 процентни поени.
Повеќето скопски општини се движат меѓу 39 и 43% излезност, што укажува на стабилен тренд на одѕив.