Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари не беше задоволен од начинот на кој неговите избраници го одиграа вчерашниот дуел со Манчестер Сити.
Челзи на „Вембли“ во Лондон загуби со 2:0 и остана без трофејот „Комјунити шилд“.
– Загрижен сум поради играта која ја прикажавме, посебно тоа се однесува на одбраната. Мораме да напредуваме во тој сегмент. Ако за првото полувреме можам да кажам дека не беше лошо, тогаш за второто ќе речам дека не бевме на ниво. Паднавме на физички план, немавме снага. Ни престои многу работа за да го достигнеме посакуваното ниво, истакна Сари.
Италијанецот верува дека триото Куртоа-Азар-Вилијан ќе остане во клубот.
– Со Вилијан се видов, а со Азар и Куртоа разговарав телефонски. Според тоа што го слушнав верувам дека и во новата сезона ќе настапуваат за Челзи, се надева Сари.