Саша Поповиќ на Северина и понудил 100 000 евра за да и се спротистави на Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“, пишуваат српските медиуми.
„Саша одлучи од септември да направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“. Ја побара снаата на неговиот пријател Кеба и понуди 100 000 евра за да дојде во жирито. Сале верува дека Севе ќе ја зголеми гледаноста. Таа му одговори дека понудата е интересна и дека наскоро ќе му ја соопшти конечната одлука“ тврди изворот.
Поповиќ неодамна истакна дека освен жирито во студиото кое е составено од Ана Бекута, Ѓорѓе Давид, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Јелена Карлеуша, ќе има и ново жири со претставници од државите на екс Југославија.
„Естрадата од просторите на екс Југославија ќе се бори против жирито во студиото. Секако, главни актери ќе бидат кандидатите“ вели директорот на Гранд.
„Ќе биде интересно да се гледа како две ѕвезди се карат во емисија. Тие не се поднесуваат со години, а „војната“ започна кога Севе објави дует со МС Сајси“ вели изворот.
За потсетување, Марија Шерифовиќ неодамна истакна дека размислува од следната сезона да не биде повеќе од музичкото шоу.
Дали навистина Северина ќе се појави во регионалното музичко шоу или станува збор за шпекулации, останува да видиме.