Ќерката на фудбалската легенда Драган Џајиќ, Драгана Џајиќ и братот на Ана Ивановиќ, Милош Ивановиќ вчера се венчаа во еден белградски хотел пред 250 гости меѓу кои и личности од јавниот свет.

Меѓу присутните на свадбата беа: Aна Ивановиќ, Мерима Његомир, Здравко Чолиќ, Александра Пријовиќ,Филип Живојиновиќ…

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СВЕТ/ИНСТАГРАМ

Александра во друштво на Филип и на свекорот Боба Живојиновиќ се појави на свадбата, а како што истакна малиот син Александар го чува баба.

ФОТО: ГОРАН СРДАНОВ/РАССРБИЈА

„Бабата го чува синот. За оваа прилика се подготвував два часа. Ќе запеам ако треба, дојдовме да се веселиме“ истакна Пријовиќ. За оваа прилика Пријовиќ се одлучи за црн фустан со длабоко деколте и висок шлиц.