Жолчни реакции има од здруженијата за заштита на животни и од граѓани кога ќе се случи „неправда“ за куче скитник во Скопје или некој друг град, а во исто време во Зоолошката градина во Штип мечка живее во простор од едвај два на два метри.

– Ова е кафезот, едвај два на два, во кој живее мечето Теди во ЗОО-Лошката во Штип. Кафезот е донација и спонзорство од проф. д-р. Јовица Угриновски. Споделете/пингајте кај што сметате дека е релевантно, за Теди да се ослободи од оваа агонија, порачува преку Фејсбук Инес Ефремова.

А каде е здружението Анима мунди? Каде се илјадниците загрижени граѓани за кучиња скитници, да реагираат за животно, поточно мечка, која се држи во заробеништво во простор и во услови како за стаорец!?