Без никакви изненадувања, барем за екипата на СВЕДОК, партиската активистка на СДС, Весна Дамева, денеска е избрана за нова претседателка на Судскиот совет, на местото на Павлина Црвенковска која си поднесе оставка, пишува новинарот Саше Димовски.

СВЕДОК со задоволство ќе следи дали од овој одамна прогнозиран избор ќе се шокира Амбасадата на САД во Скопје и амбасадорката Ангела Агелер, бидејќи Весна Дамева освен што никогаш не била судија, туку само стручен соработник во Судот, беше и активен партиски човек на СДС, а формален предлог на Стево Пендаровски, како Претседател на државата.

Весна Дамева беше избрана со 10 гласа „за“ и еден „против“. Против беше само Лорета Горгиева, судијка од Струмица и блиска до крилото на екс лидерот на СДС Зоран Заев.

На седницата не присуствуваше Црвенковска, а од гласањето се иззеде Зоран Герсимовски, кој е во кумовски релации со генералниот секретар  на СДС, а бидејќи пред две недели беше избран за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, а минатата недела на конститутивна седница беше избран за в.д. директор на Академијата до изборот на нов директор што треба да се случи в среда. Пред да се изземе тој кажа дека си поднел неотповиклива оставка од в.д. директор.