Директор на Бирото за јавна безбедност ќе биде Сашо Тасевски, телохранителот на Зоран Заев, кој лани на 27 април во немирите во Собранието на Република Македонија единствен употреби огнено оружје.
Како што објави Прес24, од нивни високи извори во МВР, Тасевски е назначен за нов директор на БЈБ, а одлуката се очекува утре да помине на седница на Владата.
Тасевски во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на сегашниот премиер Заев, кој извади огнено оружје и пукаше во Собранието на 27 април.
Тој доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше разрешен по аферата со службениот џип кој бил злоупотребен за носење на одмор на неговата ќерка, популаро позната како „МВР Турс“.
Тасевски од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.
Случајно или не, утре започнува судскиот процес протв македонските патриоти кои протестираа против незаконскиот и неуставен избор на спикерот Талат Џафери. Тие се обвинети за „тероризам“, а единствениот кој употребил оружје во немирите во Собранието ќе биде прв човек на јавната безбедност во Македонија.