Сашо Темелкоски од Ужице е сопственик на пекара и секојдневно подарува од неговите вкусни производи на оние кои немаат – сиромашни деца, стари лица и на спортистите кога одат на натпревар.
Овој поранешен спортист вели дека ако не може да подари најмалку 20 пецива или сендвичи дневно, тогаш не треба ниту да држи пекара.
– Не им помагам само на сиромашните, туку и на оние кои немаат пари во моментот, вели овој прекрасен човек и објаснува дека не очекува од да му надокнадат ниту им кажува да донесат пари кога ќе имаат.
-Се случува луѓето да бидат гладни, и да немаат да платат, а јас им давам пециво и не прашувам. Ги разбирам такви луѓе. Јас кога ќе дадам, повеќе не барам, изјави овој ужички пекар.
Иако повеќето луѓе се навикнати да зборуваат – прави добро за да ти се врати добро, Сашо вели дека кога прави добро, тој не размислува дали ќе му се врати, па знае да рече:
– Не треба да се врати, не треба – алудирајќи на немаштијата.
Сашо има сопруга и пет деца, ја гледа својата работа и не очекува од нив да му помагаат, бидејќи секој има своја цел во животот.