Раководството на Јувентус испрати понуда до Сасуоло за играчот за врска Мануел Локатели. Понудата за закуп со обврска да биде откупен договорот за 30 милиони евра е одбиена, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.
Преговорите ќе продолжат. Сасуоло бара 40 милиони евра, бидејќи тие знаат дека Арсенал е подготвен да ја плати оваа сума како обештетување за играчот.
Минатата сезона Локатели одигра 34 натпревари во Серија А и постигна четири гола.
Фудбалерот беше дел од италијанската репрезентација која неодамна го освои ЕВРО 2020.