Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изрази надеж дека Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали ќе останат во клубот.

– Еднаш разговарав со Инсиње на телефон. Добив впеќаток дека се работи за капитен каков што го замислував. Што се однесува до неговиот договорот, вие се обидувате да создадете проблеми во медиумите. Ќе почекаме додека Лоренцо не се врати, претседателот ќе разговара со него и после се ќе стане јасно.

Кулибали е еден од заменик-капитените во овој тим. Колку што знам, тој ќе остане во Неапол. Не му е лесно да најде замена, сите соиграчи го ценат, и сфатив дека тој постојано зборува на теренот. Секој го почитува неговото присуство во соблекувалната, рече Спалети на прес-конференцијата пред почетокот на подготовките за новата сезона.

Спалети го презеде Наполи на 29 мај 2021 година. Тој дојде на местото на Џенаро Гатузо. Последната работа на 62-годишниот Спалети беше во Интер. Тој го напушти тимот од Милано во мај 2019 година.