Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), рече дека антиковид мерките преземени од организаторите на Олимписките игри во Токио го прават натпреварот најригорозен спортски настан во светот.

– Спортистите имаат ист интерес како народот во Јапонија, нивната безбедност. Од оваа причина, тие ги усвоија, па дури и ги прифатија и поздравија строгите мерки на претпазливост што ги прават Олимписките игри во Токио најригорозниот спортски настан не само во Јапонија, туку и ширум светот, изјави Бах.

Организацискиот комитет на Игрите објави за најмалку 15 нови случаи на инфекција меѓу луѓето поврзани со претстојните Олимписки игри. Меѓу заразените има седум вработени, двајца новинари и шест лица поврзани со натпреварите.