Сателитски снимки анализирани денеска од американска новинска агенција покажуваат дека израелската армија почнала копнена офанзива во јужните делови на Појасот Газа во војната против Хамас.
По истекот на привремениот прекин на огнот и размената на заложниците кои Хамас ги држеше за Палестинците во израелските затвори, израелската армија почна тешки бомбардирања и копнени судири на југот на Појасот Газа.
Снимката објавена од Planet Labs PBS го дава првиот јасен увид на интензитетот и обемот на борбата.
Снимките покажаа израелски тенкови и оклопни транспортери на само шест километри северно од центарот на Кан Јунис, главниот град во јужниот дел на Појасот Газа.
Многу жители кои избегаа од израелската офанзива и бомбардирањето во градот Газа на север, сега живеат околу Кан Јунис и другите околни области откако израелската армија им нареди да се евакуираат.
Фото: МИА архива