Саудијката Асел Ал-Хамад денеска пред почетокот на Големата награда на Франција во Формула 1, возеше еден круг со болид на патеката „Кастел“, по повод укинувањето на забраната за жените во Саудиска Арабија да управуваат автомобили.
Како што најави „Рено“, Ал-Ахмад возеше болид во состав на парадата на француските производители на автомобили, по повод враќањето на патеката, по десетгодишна пауза.
Со ист болид „Лотус Рено Е20“ светскиот шампион, Финецот Кими Раиконен, победи во Абу Даби во 2007 година.
Ал-Хамад е прва жена членка на Саудиско-арапската автомобилска федерација и на женската Комисија за мотоспорт, која ја востанови Межународната автомобилска федерација.
Порано жените во Саудиска Арабија мораа да седат на задното седиште на автомобилите и им беше ограничено движењето без придружник, а престапничките за такво дело беа апсени.