Нов закон во Саудиска Арабија би требало да прекине пракса според која жените ги разведуваат без нивно знаење, објави Би-Би-Си.

Судовите од сега ќе мора писмено да ги известат жените за разводот на бракот.

Адвокатите се задоволни бидејќи прекинува праксата „таен развод“, случаи во кои мажи може да прекинат брак без знаење на нивните сопруги.

Директивата треба да обезбеди жените да бидат свесни за својот брачен статус и да остварат права као алиментација.