Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Ријад е подготвен да посредува меѓу Москва, Киев и сите страни поврзани со актуелната украинска криза.
Принцот ја повтори желбата на Саудиска Арабија да ја одржи стабилноста на нафтениот пазар и ја нагласи улогата на ОПЕК+ во одржувањето на рамнотежа, нагласувајќи дека е неопходно да се почитуваат договорите во рамки на оваа група, објавија саудиските државни медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со саудискиот престолонаследник посочил дека е неприфатливо да се политизира прашањето за глобалното снабдување со енергенти, соопшти прес-службата на Кремљ.
Како што се наведува, Путин ги претставил и основните пристапи на руската страна во контекст на „тековната специјална воена операција за заштита на Донбас“, се вели во соопштението на Кремљ.