СДС, ДУИ и нивните пиуни како Ана Чупеска се последните што имаат право да зборуваат за способност. Тие со години ја разнебитуваа државата и денес, наместо да понудат решение, играат улога на жртви и шират паника. Народот одамна препозна дека СДС е во коалиција со темните сили на злото: криминалците, тајкуните и рушителите на институциите. Тие се вистинските инспиратори и потпалувачи на пожарите во Македонија, и буквално и политички, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Затоа денес ги гледаме како измислуваат сценарија, со треперливи гласови глумат загрозеност и се обидуваат да прикријат една вистина, дека одговорноста за сите катастрофи во државата е нивна. Дека токму тие ја задолжија Македонија, ја оставија без иднина, ги растераа младите и ја распродадоа честа. Сега, кога народот им ја затвори вратата, тие се обидуваат да запалат политички пожари за да преживеат уште малку. Но огнот на вистината веќе ги зафати нивните редови. Времето на пироманите заврши. Следи време на одговорност и правда, порачаа од владејачката партија.