СДС, наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех. Да разјасниме за јавноста и за граѓаните, СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визите за граѓаните. Едноставно, станува збор за ПРИВРЕМЕНА ПАУЗА на постапки поврзани ИСКЛУЧИВО СО ИСЕЛЕНИЧКИТЕ ВИЗИ за САД за кои има најмал број апликации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Дополнително, не станува збор за целосна забрана за патување или влез во САД и не влијае на другите категории визи за САД, односно не претставува никаква пречка и не постои никакво ограничување за другите категории визи, како што се туристичката виза, студентската итн. Политиката останува непроменета во однос на овие визи.
Воедно, сакаме да ги потсетиме и јавноста и СДС дека кога се појавија податоците за тарифите за даноците од САД, опозицијата критикуваше дека сме вброени во земјите со највисоки тарифи, а кога ВМРО-ДПМНЕ издејствува да бидат најниски, СДС го снема, наеднаш исчезна од јавноста. Вакво нешто се случува и сега. Наместо одговорно информирање, се шири паника и се шпекулира.
Македонија има одлична и континуирана соработка со нашиот стратешки партнер САД, а тоа ќе продолжи и во иднина затоа што работиме исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




