Човек да ги гледа и да се чуди со СДС. Никако да разберат дека фалименто соопштенијата и пропаднатата ПР стратегија на Башановиќ не поминува кај граѓаните.
Народот жестоко ги отфрла таквите наративи на СДС исполнети со доза на амнезија, да заборават и избришат се од периодот на нивно владеење.
Кога веќе тие сакаат да заборават, наше е да ги потсетиме.
Владата на СДС под водство на велепредавникот на македонскиот народ и држава, Зоран Заев е таа која имаше соработка со Казахстан.
Заев е тој кој со тогашниот амбасадор на Казахстан во Македонија го прими во просториите на владата, каде, како што тогаш во 2017 година на социјалните мрежи напиша, дека разговарале за конкретни активности за соработка во областа на енергетиката и се согласиле дека постои голем потенцијал за развој на односите меѓу двете земји.
Соработката на владата на СДС со оваа земја, за која сега пишуваат дека била држава во која владее едноумие, на застана само на средбата на Заев со казахстанскиот амбасадор, туку таа продолжи и понатаму.
Во 2019 година, владата на СДС потпиша три билатерални договори за меѓународна соработка, по што во 2022 година следи нов договор за трговија и економска соработка, за чија имплементација била формирана и комисија која првата седница ја одржала во македонската влада.






