Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ, соопшти денеска владејачката партија.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција велат од СДСМ.
Добивај вести на вибер
Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда. Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ.
На Мицкоски, повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава. Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив парламентарното мнозинство на СДСМ расте.
Во период кога се најреални шансите за членство на државата во унијата до 2030-та година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ се вели во соопштението од СДСМ.