Големо е незадоволството кај граѓаните од катастрофалните политики на Владата и Мицкоски, особено од поскапувањата, одбивањето да се покачат платите и непреземањето навремени мерки. Но и од предавствата и лагите за името со кои Мицкоски дојде на власт, истакна на прес – конференција Рената Младеновска – членка на ИО на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Додека Владата на Мицкоски тера бизниси, криминални тендери за лично богатење, стадардот на граѓаните паѓа.

Народот едвај врзува крај со крај, работници се бркаат од работа, економијата оди надоле, европскиот пат е блокиран. Тоа е секојдневието на македонските граѓани.

Владата сака да го прикрие ова незадоволство на граѓаните со нов дефокус, со пренасочување на вниманието.

Постојано се штанцаат вести и се тера црна кампања на неколку клучни теми за дефокус:

1.Напади на СДСМ, црна кампања и линч на претседателот Филипче.

2.Подгревање на вештачки судири со соседите, со Бугарија.

А од вчера и уште една тема пробаа да протнат, демек  Албанците ја окупирале Македонија.

Еве погледнете ги дел од токсичните наслови.

Секој ден постојано 90% од просторот на вмровските медиуми е црна кампања против Филипче и СДСМ. Зошто ако сме слаби, ако не постоиме, ако сме „мртва партија“?

Власта сака да создава вештачка слика за внатрешни проблеми во СДСМ само за партијата да мора да се занимава со деманти, наместо со разоткривање на предавството на националните интереси, финансиската криза во државата, промашената ценовната политика со која народот е посиромашен.

Се создава и меѓунационална омраза со Албанците. На секој начин се пробува да се креира омраза или поделба на граѓаните по било која основа.

Зошто?

За да се прикрие неспособноста на владата, неспособноста на Мицкоски да ја води државата.

Да се покрие катастрофалната економска политика. Финансиската криза.

Да се запре СДСМ со објавите за грабежот на државата која е во тек преку цените на горивата, не воведување мерки, партизација на судството и блокирање на ЕУ интеграциите.

Се креираат пораки како во кампања, се поттикнува омраза кон соседите, се создаваат намерни конфликти.

Мицкоски вели дека СДСМ е бугарска организација?! Кој води кампања за бугарските избори?

Да не е тоа Мицкоски? Тој што намерно создава конфликт со соседите.

Кому му оди тоа во прилог? Нека размислат добро граѓаните!

Како во кампањата за изборите, кога клечеше и молеше за власт, ветуваше враќање на името, поништување на Преспанскиот договор. Сега повторно измислува тема за загрозување на националниот идентитет. Малцинствата во Уставот не се само Бугарите, туку сите малцинства.

Тоа не е прашање на Бугарија, туку прашање на ЕУ.

Не дозволувајте повторно да ве лаже и да ве манипулира!

Мицкоски го загрозува националниот интерес, а тоа е ЕУ. Изолацијата е негова политика! Заради кражба.

Зошто ако не постоиме 90% од просторот на вмровските медиуми е црна кампања против Филипче и СДСМ?

„Секој ден постојано 90% од просторот на вмровските медиуми е црна кампања против Филипче и СДСМ. Зошто ако сме слаби, ако не постоиме, ако сме „мртва партија“?“ – истакна Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Младеновска посочи дека власта свесно креира дефокус за да го прикрие растечкото незадоволство кај граѓаните.

„Големо е незадоволството кај граѓаните од катастрофалните политики на Владата и Мицкоски, особено од поскапувањата, одбивањето да се покачат платите и непреземањето навремени мерки“, нагласи таа.

Наместо решенија, власта води организирана кампања за манипулација и дефокус.

„Постојано се штанцаат вести и се тера црна кампања на неколку клучни теми за дефокус: напади на СДСМ и линч на претседателот Филипче, подгревање на вештачки судири со соседите, како и креирање на меѓунационални тензии“, рече Младеновска.

Таа додаде дека вистинската цел е да се оттурне вниманието од реалните проблеми.

„Власта сака да создава вештачка слика за внатрешни проблеми во СДСМ само за партијата да мора да се занимава со деманти, наместо со разоткривање на предавството на националните интереси и финансиската криза во државата“, потенцираше Младеновска.

СДСМ порачува дека дефокусот нема да успее и дека граѓаните јасно ги препознаваат манипулациите.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Y6qcKKUU1JE

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Y6qcKKUU1JE 

Фото: СДСМ – Центар за комуникации со јавноста