Владејачкиот СДСМ бара оставка од лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение го пренесуваме целото соопштение од партијата на Бихаќска:
Повеќе од еден месец по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се во дезориентација, без политички компас по доживеаниот пораз.
Покрај тоа што не понуди ништо конкретно за граѓаните, покрај тоа што немаше став за ниту едно важно прашање, Мицкоски денес се прави дека заборавил што ветил и без срам гази врз својот јавно искажан збор.
Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, а денес се противи на најавата за укинување на Пржинската влада.
Наместо да бара алиби за неуспесите, Мицкоски барем еднаш нека покаже зрелост и нека го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада.
Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста