СДСМ има нов тим, нова сила-нова енергија. Новиот тим е спој на млади и искусни. Синергијата на овој спој, млади и искусни во новиот тим ќе даде резултат на следните парламентарни избори, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Новата сила не се само овие луѓе. Новиот тим на СДСМ е многу поголем, многу поширок.
Тука е и Антикорупцискиот тим којшто веќе интензивно работи, тука се и младите, тука се сите.
Дел од столбовите на новата програма, програма 300 ќе бидат младите.
Ќе следува процес за регрутирање 300 млади лидери, координатори и волонтери од сите региони, од цела Македонија.
Нова сила која ќе ја освежи партијата и ќе покаже што е СДСМ, партија со план, со вредности, и вистински патриотизам.
Новата сила ги мобилизира членовите на сите нивоа, создаваме посилен тим кој расте секој ден, со фокус на инклузија и заедничка работа по сите наши општински организации.
Борбата започна и нема запирање!
Ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот
Ќе ставиме крај на предавството на Македонија мигранти за пари
Ќе ставиме крај на изолацијата на земјата
Ќе ставиме крај на лошите економски политики.
И најважно, ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните!
СДСМ




