За време на најтешката светска економска криза, преку навремени и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Само со последниот пакет мерки им помагаме на околу 200.000 граѓани, доминантно од ранливите категории граѓани.Претходно, уште во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Двојно повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ.Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, односно за шест месеци за 1.500 денари ја зголемивме просечната пензија.
Пензиите и минималната плата ќе продолжат да растат, обезбедени се пари со буџетот за 2023 година и веќе в март идната година ќе следува ново зголемување на пензиите и минималната плата.Покрај антикризните мерки Владата презема системски решенија за зајкнување на економскиот стандард на граѓаните, но и за поддршка на нови странски инвестиции и отворање нови работни места.
Само во последните месец дена неколку фабрики отворија нови погони или започнаа постапка на изградба на нови фабрики, каде ќе се вработат најмалку 3.000 лица.Истовремено, преку Оперативниот план кој годинава е со рекорден буџет, поддржуваме самовработување и отворање сопствени бизниси со што директно влијаеме на намалување на стапката на невработеност.
Сето ова се само дел од мерките и политиките што на дело го покажуваат одговорниот пристап на СДСМ.
Грижата за сите продолжува.
Центар за односи со јавноста на СДСМ