Воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена, соопшти и денеска владејачкиот СДСМ, откако и вчера го објави истото соопштение.
Во целост го објавуваме и денешното:
Ова ни покажува колку за нас, за С. Македонија е важно членството во НАТО алијансата.
Со нашето членство во НАТО, успеавме да ја исполниме нашата стратешка цел, обезбедивме сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.
Нашите граѓани да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.
Во услови на дополнително продлабочување на енергетска криза, од исклучителна важност е што новата Влада предводена од СДСМ исправно се постави.
Сите ресурси ги насочивме кон соочување со последиците од енергетската криза и презедовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Будно ги следиме светските економски текови и делуваме во насока на заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.
СДСМ продолжува да спроведува одговорни политики и кон граѓаните и кон државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ