Заради политичка агенда на раководството на СОНК децата, учениците се надвор од училишните клупи, надвор од образовниот процес кој толку им е потребен.
Така гласи денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое го пренесуваме во целост:
Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто, и тоа во време на најголема светска енергетска криза.
Уцените и политичкото делиување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.
Учениците мора да се вратат на настава. Правото на децата за образование е уставно загарантирано и не смее да се дозволи некој заради политичка агенда да им го загрозува.
Центар за односи со јавноста на СДСМ