Владејачкиот СДСМ и денеска „ја брани Македонија од Бугарија“ и ја напаѓа македонската опозиција за „крајно неодговорно и штетно однесување“.

Како и безброј пати досега, СДСМ и денеска преку партиско соопштение „ефектно ја брани и економски ја развива нашата земја“. Тоа е суштината и на денешното соопштение, кое подолу го објавуваме во целост:

Додека СДСМ ги заштитува државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не се отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неодговорно и штетно.

Во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции.

Од Белата палата ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

Најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е да им се извини на граѓаните за поткопувањето на државните позиции, а одговорност да бара од Христијан Мицкоски.

Центар за односи со јавноста на СДСМ