Државата тргна напред, по вистински пат, и враќање назад нема да има, се вели во реакцијата на СДСМ на приговорите од опозицијата за последните претседателски и избори на градоначалници во три општини.
– На кристално чисти, фер и демократски избори, граѓаните кажаа „не“ на концептот на Христијан Мицкоски кој води назад кон изолација и темното минато на криминал и неизвесност. Сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи позитивно го оценија изборниот процес и го пофалија професионалното и одговорно однесување на институциите, се вели во соопштението.
Натаму се додава дека „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со фактот дека загубија и на претседателските и на предвремените локални избори“.
– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ги остават надлежните институции да ја вршат својата работа. Времето кога им наредуваа на судовите и обвинителствата како да постапуваат заврши со нивното заминување од власт. Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе и кај неговите деструктивни политики кои имаат единствена цел да го штитат криминалот на Груевски, се вели во соопштението од СДСМ