СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.
Ова се нагласува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ кое го пренесуваме во целост:
Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски, СДСМ е убедлив фаворит и победник на изборите
Вчерашното претставување на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи.
Прво, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори и второ, Христијан Мицкоски знае дека ги губи изборите и ова е понуда од немај каде.
Едвај нашол кандидати што ќе претрпат пораз, па затоа мнозинството од кандидатите се непознати.
Огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.
ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во Општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во главниот град има мала доверба од граѓаните.
Повеќе од јасно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николоски, аѓутант на Груевски.
Во многу општини се поставени кандидати со многу помала поддршка од граѓаните, наместо личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати.
Прашање е дали тие не сакаат или Мицкоски си поставува свои пријатели и послушници за кандидати за градоначалници.
СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.
На 17 октомври Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека напредокот е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ