Здравјето на граѓаните е пред се. Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен, а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми, соопшти СДСМ.
– Како одговорна партија, активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните. Ги повикуваме граѓаните но и сите други субјекти да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции. Сега е време, секоја индивидуа, секој субјект и политичка партија да покаже одговорност и да придонесе за заштита на јавното здравје, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.