„Кога не избираат на јавни функции даваме заклетва за почитување на законите, за почитување на Уставот. Сите знаат дека овој референдум нема да успее, вака како што го зацртаа, Мицковски сака да се сокрие зад граѓаните. Не може со закон Собранието да прекине друг закон“, истакна вечерва на прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието кометирајќи ја одлуката на собранискиот спикер Талат Џафери за отфрлање на предлогот на референдум за договорот со Бугарија поднесен од ВМРО – ДПМНЕ.
„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон“, дециден е пратеникот на СДСМ.
Митрески рече дека Мицковски прави се за да ја заштити својата фотеља во Белиот дворец и групата околу него. Тој потенцираше дека ова е не е истото ВМРО – ДПМНЕ како она во 90-тите кога гласаа за државнички одлуки.
„По сите консултации со Уставниот суд што ги имавме, ова е противуставно, односно спротивно на членот 118 од Уставот“, рече Митрески.
На крајот истакна дека оваа, како што рече игранка на Мицковски, граѓаните ќе ги чини осум милиони евра, ние тоа нема да го дозволиме.