Во вечерашното издание на вестите на Сител, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, била поканета да гостува во програмата во живо и да го каже својот став за актуелните случувања поврзани со оставките на директорите на неколку институции што се под надлежност на Град Скопје. Таа не одговорила на поканата, а место нејзе, гостин во вестите е Трајко Славески од ВМРО ДПМНЕ, кој е претседател на Советот на Град Скопје.

Тој како одговор на прашањето дали ВМРО ДПМНЕ жали што на овие избори поддржало независен кандидат за градоначалник на Скопје, место партиски кадар, рече дека кога станувало збор за изборот на партијата, кој ќе биде нивниот кандидат, тој бил против Арсовска да биде кандидат за градоначалник на Скопје кој ќе биде поддржан од ВМРО ДПМНЕ.

Тој рече дека досега со градоначалничката се имаат сретнато само трипати за да разговараат за актуелни теми за Градот.

Славески исто така рече дека не може да си прости што не раеагирал кога Арсовска го разрешила директорот на „Комунална хигиена“,
Зуди Енуз, кој беше од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците затоа што негов роднина бил вмешан во инцидент.

Претседателот на Советот на град Скопје исто така рече дека Арсовска не му личи на искусен менаџер и дека ја гледа како дете со чекан во рака кое само „удира со чеканот по шајки“.