Талат Џафери противправно си ја додели улогата на уставен судија“, кажа на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието како реакција ан отфрлањето од страна на Џафери на иницијативата за референдум за Договорот со Бугарија.

Според неа, власта бега од соочување со народот затоа што знаат дека ќа има излезност на референдумот и знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата.

„Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Ззаконот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми“, децидна е Стојаноска.

Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри односите во Собранието за што виновна ќе биде власта.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за „Фокус“ коментира дека Џафери покажал правно незнаење, но и сила, за што ќе добие нова кривична пријава.

-Џафери иницијативата за референдум требаше да ја достави до матичното работно тело, кое требаше да утврди дали иницијативата е уредна или неуредна. Веќе утре пак иницијативата требаше да се најде на пленарна седница. Наместо тоа тој самиот се впушти во материјална расправа, иако нема такво овластување. Заклучок може да носи само Собранието, тоа не е спикерско овластување, појаснува пратеникот Апасиев за „Фокус“.

ој додава дека не само што Собранието може да укине таков билатерален договор, туку тоа може да го направи и Владата. Истакнува и дека членот кој го цитира Џафери, член 118 и членот 8 (став 1, алинеја 11) од Уставот, а кој вели: „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“, не важи за Договорот со Бугарија.

-Овој член се однесува на мултилатералните договори, на пример на Европската конвенција за човекови права, која ја потпишале 40 држави, но не важи за билатералните договори, во случајот на договорот потпишан меѓу Бугарија и Македонија, дециден е Апасиев.

Тој иронично додава дека „уставниот судија“ Џафери ќе си добие уште една кривична пријава од Левица.