СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета. Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец, соопшти СДСМ.
– Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата – велат од СДСМ.