На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата, му порача Горан Сугарески од СДСМ на својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп.
-На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет. Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп, се вели во објавата од Сугарески на Фејсбук.