СДСМ веќе го покажа системот по којшто кујните на ДПМНЕ пласираат лажни вести, манипулации и напади врз опозицијата и претседателот Филипче, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренсува интегрално.
Секогаш кога власта е фатена во криминални тендери, во скандали, во договори со мигранти, посегнува по дефокусирање на внимаето на јавноста и со пласирање текстови со напади врз опозицијата.
Денеска објавуваме уште еден доказ дека кујните на ДПМНЕ функционираат исто како во времето на Никола Груевски.
Дури и истите наслови за напади на СДСМ и новото раководство ги користат.
„Заев го објави тимот, истите луѓе повторно на клучни позиции“ е објава од 2014 година.
„Новото раководство на СДСМ: Нова сила, а всушност стари лица“ е објава од 2025 година.
Сè е по сценариото на Никола Груевски и на Вучиќ, copy-paste.
Лажни вести, манипулации, одвлекување на вниманието на граѓаните од главните теми, од криминалот и корупцијата, од договорот мигранти за пари, од противуставната Резолуција, од катастрофалната економска политика и намерната изолација на земјата надвор од ЕУ.
Разоткирени се. Знаеме се. Ова нема да им помине.
Сите ќе одговарате!
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста




