СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза, соопшти денеска СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од владејачката партија:
Се проширува листата на производи со замрзнати цени, на одредени видови овошје и зеленчук.
Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата.
Веќе се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.
Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.
Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.
Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.
СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои, го штитат стандардот на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ