Нареднава 2023 ќе биде година за економска пресвртница и на нова надеж, истакнува СДСМ во денешното соопштение.
Во продолжение целото соопштение на владејачката партија:
Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели.
Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти
СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард.
Пресвтницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа.
Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница.
Центар за односи со јавноста на СДСМ